Dj C-Pure (Битола) Tribute
Кире Чипуровски a.k.a C-Pure е роден во Битола, 1978 година. Роден во фамилија која знае што е музика, учел да свири на инструменти како мал. Како гитарист бил член на четири различни бендови. Потоа продолжил да работи во локална радио станица, каде имал своја радио емисија за алтернативна и new wave музика.
Неговата страст кон електронската музика се родила кога го слушал раниот електронски звук на: Kraftwerk, F.S.O.L, Orbital, Orb, Prodigy, Leftfield, ... и започнал да собира исклучиво електронска музика.
Започнал со работа во клубот Iguchi кој бил култно место во тоа време. Овде имал прилика да ги совлада грамофоните и станал резидент на секоја петочна забава. Поради дефицитот на клубска сцена во Битола дошол до идеја да создаде тим кој ќе работи на ова поле во градот.
C-Pure е еден од пионерите на електронската музика во Битола, а има настапувано во скоро сите клубови низ Македонија, а редовно настапува и во Србија (Ниш, Зајечар, Неготин, Бор и др.). Неговиот звук е Electro House, Electro Tech, Techno и Minimal, но ужива да свири и House, Disco, Funky Tech и Progressive. Има настапувано со сите домашни DJ кои ја практикуваат оваа музика, како и со многу странски DJ: Danilo Vigorito (ITA), Oliver Way (UK), Jamie Anderson (UK), HI FI Princess (CAN), Becka (ESP), DJ Murphy (BRA), DJ Jurr (NED), Jon Silva (GER), Marco Mei (ITA), Rui Da Silva (POR), Paco Osuna (ESP), Roelove 74 (NED), Dejan Milicevic (SRB), Tommy Boy (HUN).... и многу други.
Денес работи на негоа сопствена продукција и резултат на ова е неговото прво издание Cat In The Rain EP, за U.S.B Digital Label. Заедно со Alex Nova работат на проектот наречен Neon Light кој ќе биди промовиран во блиска иднина.